Loading Video...
Фудбал
15. November 2017 - 12:21

Данска и Австралија обезбедија пласман на СП во Русија

Репрезентациите на Данска и Австралија обезбедија пласман на Светското првенство во Русија следната година.
 
Данците се последните од европскиот континент кои се пласираа на Мундијалот, откако синоќа во Даблин ја совладаа Р. Ирска со 5-1, иако домаќините први поведоа. Првиот меѓусебен дуел заврши без голови 0-0, па Данците им се приклучија на Хрватска, Шведска и Швајцарија кои преку барашот се пласираа на СП.
 
А, на сличен начин место на првенството обезбеди и Австралија, која по нерешените 0-0 на гостувањето во Хондурас денеска популарните Кенгури пред својата публика славеа победа со 3-1.
 
Последниот патник на Мундијалот ќе биде познат вечерва по реванш дуелот меѓу  Перу и Нов Зеланд, кои во првиот меч одиграа без голови 0-0.