Македонија
27. May 2016 - 16:16

Даниелсон: Договорот од Пржино најдобар пат за излез од кризата

Ветувањата за итно спроведување на реформите кои политичките лидери ги дадоа пред една година не смееат да останата само ветувања. Директорот на директоратот за проширување и соседска политика на ЕК Кристијан Даниелсон, по средбите со партиските лидери побара итно повлекување на аболицијата како императив за земја која е кандидат за членство во ЕУ, во која е неопходно да има одговорност и еднаков третман пред законот, наместо неказнивопст и селективна правда. Даниелсон побара да се овозможи специјалното обвинителство да ја работи својата работа за да се обнови довербата во владеењето на правото како црвена линија за меѓунбародната заедница.

- Европската унија е сериозно загрижена во однос на ситуацијата во земјата. Политичките лидери и релевантните власти мораат итно да ја адресираат ситуацијата во интерес на граѓаните и со цел земјата да се врати на евроатлантскиот пат. Договорот од Пржино е од исклучително значење и останува најдобриот начин за излез на земјата од актуелната криза. Политичките лидери мора да се придржуваат и да ги почитуваат неговите клучни принципи како што се владеење на правото, одговорност, инклузивност и кредибилни избори, рече Даниелсон.

Директорот на директоратот за проширување ги слушнал ставовите на сите партиуски лидери. Од ДУИ информираа дека добиле благодарност за ангажманот кој го прават во надминување на кризата. Од ДПА на Даниелсон му посчиле дека за нив единствен излез од оваа ситуација е продолжение на вистински политички дијалог со посредство на меѓународниот фактор, кој бара нов пристап и силна политичка волја од сите страни. 

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ порачал дека  приоритет за партијата претставува нормализирање на политичката ситуација и внесување на сигурност кај граѓаните, враќање на патеките на напредокот и економскиот просперитет.

- ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува процесите кои значат унапредување на стандардите во секоја област и притоа  секое решение важно за иднидната на државата треба да биде базирано на волјата на граѓаните, истакнал Груевски.

Груесвки посочил дека актуелната влада има легитимитет до 2018та но партијата е подготвена да учествува на избори и порано доколку опозицијата  изрази спремност да излезе и се соочи со граѓаните.

Од владеачката партија му дале ветување на Даниелсон дека во периодот што следи ќе има интензива агенда во поглед на исполнување на сугестиите од извештајот на Прибе и продолжување на реформите кои значат подигнување на стандардите во повеќе области како што е судството, безбедносните органи, медиумите, и анти корпцијата.