Бизнис
17. September 2017 - 14:31

Данев: Економската политика на Владата е фијаско

- Владата на СДС за само три месеци ја покажа својата неспособност на полето на привлекување на инвеститори и отворање на нови работни места. Во владата залудно постојат министри без ресор за привлекување на инвестиции. Во владата залудно постојат два советници од Србија кои се плаќаат со народни пари. Овие дебели хонорари не донесоа никакви бенефити. Резултатот од оваа неодговорност се нула инвеститори во овие три месеци и нула отворени работни места. Кој ќе одговара за залудно потрошените плати и дебели хонорари за овие ликови кои чмаат во владата, а од нив нема никој никаков аир. Економската политика на СДС е тотално фијаско. Странски инвеститори наместо да се привлекуваат, тие по секоја цена ги бркаат и тие кои веќе инвестирале во Македонија. Наместо да се отвораат нови работни места поради погрешните политики постои сериозна опасност илјадници луѓе да останат без работа од  странските инвеститори кои веќе најавуваат заминување. Ова нема да се одрази само на невработеноста. Тоа ќе се одрази и врз целото стопанство, бидејќи голем број на фирми се директно поврзани со производствениот процес во странските инвестиции. Распадот на економијата е неминовен со вакво неработење на владата на СДС. Граѓаните сакаат да стават крај на оваа погубна политика. Тоа ќе се случи сега на престојните локални избори кога ќе им биде испорачана казната за нивната неспосбност и неодговорност, изјави Драган Данев од  ВМРО-ДПМНЕ.