Свет
23. December 2015 - 21:41

Дамаск е подготвен да се придружи на мировните преговори

Боатина Шабан, блиска соработничка на сирискиот претседател Башар ал Асад, денеска изјави дека Дамаск е подготвен да се придружи на мировните преговори под патронат на Обединети нации.

Таа наведе дека сириската Влада минатата недела ја одобри резолуцијата на ОН, која апелира за прекин на огнот, разговори меѓу Владата и опозицијата и речиси двегодишен рок за формирање на влада на национално единство и одржување на избори.

Шабан наведе и дека Дамаск забележал ублажување на ставот на Западот кон Асад по нападите на милитантите од Исламска држава на западните градови, а последниот беше на 13 ноември во Париз, при што загинаа 130 луѓе.