Живот
25. May 2017 - 13:38

Дали знаете која е клучната разлика помеѓу омлет и кајгана?

Кога следен пат некој ќе сака да ви подготви јајца и ќе ве запраша која е вашата желба, внимавајте што ќе кажете. Сакате омлет или кајгана? Во што се состои разликата?
 
Неколку јајца скршени директно во тавче, при што директно се додава сол, а потоа со вилушка се матат исто така директно во тавчето, како резултат даваат смеса којашто ќе се испржи на врело масло, а на крајот се добива највкусниот и наједноставниот оброк на светот. 
 
И тоа се нарекува кајгана. На крајот добивате смеса која не е еднолична, при што се гледаат и белките и жолчките.
 
Но, ако во посебна чинија најпрво ги изматите јајцата и додадете сол, а потоа ги сипете во тавче со врело масло, без понатамошно мешање, а уште можете и како палачинка да ги свртите, тогаш дефинитивно сте добиле омлет. Може да го служите свиткан во ролна или само префрлен во чинија, сеедно. 
 
Важно е да не го пресушите.
 
Со омлетот може повеќе да експериментирате, да додадете и други состојки, од спанаќ до колбаси, а добиената смеса покрај тоа што ќе биде повкусна, ќе биде и покомпактна.
 
Па, кој е вашиот избор за следниот пат, омлет или кајгана?