Македонија
25. February 2017 - 16:32

Дали втора фаза од политичката криза е прашањето за името? Фрчковски бара итно решение

По двојазичноста и федерализација следна тема која се наметнува во јавноста е промена на уставното име, такво нешто веќе навести поранешниот министер и кандидат за претседател од СДСМ Љубомир Фрчковски. Тој во гостувањето на Топ тема го открива вториот дел од планот на СДСМ. Фчковски вели оваа година е потребен влез во Нато и затоа мора нешто да се направи по прашањето за името.

Фрчковски -Со американските партнери ние мора нешто да направиме околу името и влез во НАТО оваа година. Нешто мора да се направи на тој план. Влез во НАТО ќе не дигне на едно ново ниво. Тука нешто мора да се направи, дали со решение за името, дали со ФИРОМ, како не знам, ама ќе има начин ќе има шанса, ќе се постави на маса тоа и треба таа шанса да ја грабнеме. Нас ни треба НАТО оваа година.

Фрчковски застана и во одбрана на договорениот нацрт-  закон кој објасни како двојазичноста ќе се применува во македонските градови во кои воопшто не живеат Албанци.

Инаку и во платформата на албанските партии прашањето за името е тема која се поврзува со брзи евроатлантски интеграции без да се прецизира како Македонија тоа би го направила. Во тој контекст се планира  активно учество на албанските партии во преговарачкиот процес. 

-Усвојување заедничка и обврзувачка Резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името.

ДУИ вчера ги даде потписите  за двојазичните пари и казните за не употребата на албанскиот јазик пишуваат медиумите.

 Портпаролот на партијата Бујар Османи излезе со детали од договорот со СДСМ за нова коалиција, со кој ќе се менуваат и македонските пари.

Како член 8 од овој закон, и банкнотите и монетите ќе бидат на албанси, вели Османи.

Османи појасни дека овој закон се однесува на употребата и заштитата на албанскиот јазик, а за непочитување на одредбите од законот предвидени се парични казни од 3 до 5 илјади евра. СДСМ во целост ги прифатил максималистичките барања усогласени меѓу албанските партии, бидејќи овој нацрт-закон воопшто не бил предмет на преговори, вели портпаролот на ДУИ.