Македонија
12. March 2018 - 16:15

Дали во МВР има системски пропусти и протекување на информации за ПИ мерки?

Кому се му се достапни информациите кое лице е под посебни истражни мерки? Оваа дилема се отвора  откако советник на министеротот Спасовски беше уапсен под соменение дека му поткажал на лице кое било под ПИ мерки дека е под истрага.  

Правните експерти се децидни дека според Законот за кривична постапка советникот на министерот Спасовски не смеел да го знае идентитетот на лицето кое е под истрага, а ако тоа се случило укажува на голем проблем со можно политичко влијание врз постапките.

Според Гогов, информации за ПИ мерки не може да има дури ни самиот минситер бидејќи иако тој го води министерството, тој е само политичка фигура. Истрагата, според екпертот треба да се води во две насоки. Првата е да се утврди дали советникот дејствувал самостојно и дошол до информација кој е прислушуван или следен користејќи го своетот влијание како човек од кабинетот на Спасовски. Втората линија на истрагата треба да покаже дали постојат системски пропусти во целото МВР.

За дојавата на осомничен дека е под ПИ мерки советникот на Оливер Спасовски не заработи мерка притвор туку мерки на претпазливост. Овој скандал доаѓа во време кога сеуште до крај не е расчистен скандалот со прислушувањето а и реформите на постапката за следење на комуникациите најавени од актуелната власт тапкаат во место во парламентот.