Балкан
15. April 2016 - 12:15

Дали убиецот се крие во овој коментар?! Во ноќта на исчезнувањето на Јелена напишан ужасен коментар!

Скоро две недели свирепото убиство на Јелена Крсмановиќ на нејзиното семејство, роднини, пријатели, полицајци и граѓани на Србија не им дава мир.
 
Еден коментар објавен на сајтот на порталот Курир привлекува внимание поради начинот на кој е напишан и времето кога е напишан. Имено, коментарот е напишан и објавен ноќта кога е пријавено исчезнувањето на Јелена Крисмановиќ (помеѓу 2 и 3 април), под веста за исчезнувањето на пејачката со наслков „(КУРИР ТВ) ПОТРАГА ПО ПЕЈАЧКАТА: Јелана Крисмановиќ исчезна додека трчала кај населбата Црвенка“.
 
Погледнете како изгледа коментарот:
Потсетуваме, во моментот кога е напишан коментарот, Јелена се водела како исчезната. Прашање е: Која е личноста која го оставила овој коментар? Дали била упатена за животните прилики на Јелена Крисмановиќ, дали била сведок на убиството, или можеби сторител? Или само претпоставувал?