Живот
29. February 2016 - 22:13

Дали сте знаеле – Овој женски производ има широка намена!

Женските хигиенски влошки имаат силна моќ за апсорпција и поединечно се спакувани во водоотпорни најлонски фолии. Поседуваат извонредни својства и претставуваат совршена алатка за голем број различни алтернативни намени.
 
Најдоброто од се’ е што можете да ги купите секаде. Прочитајте за што се’ можете да ги употребите хигиенските влошки:
 
1.Може да се користат за заштита и покривање на рани.
 
Може да послужат како прибор за прва помош. Покрај влошката додадете и парче завој или лента за фиксирање. Хигиенската влошка може совршено да послужи за запирање на крвавењето – само притиснете ја врз раната и фиксирајте со завојот.
 
Значи, ако немате соодветна медицинска опрема со вас, на овој начин ќе ја завршите работата. Па така, доколку одите на планинарење, скијање или на било било кој друг вид физичка активност, секогаш со себе носете хигиенска влошка и некоја лента.
 
2.Може да се употреби за филтрирање на водата
 
Дали знаевте дека овие хигиенски влошки може да се користат за филтрирање на нечиста вода? Понекогаш, кога ќе се најдете во очајна ситуација и сте принудени да пиете вода од непроверен извор, можете да ги користите овие влошки.
 
Еве што треба да направите: наполнете шише со нечистата вода, а потоа преку отворот нанесете парче од влошката и добро фиксирајте. Преточената вода ќе биде филтрирана, но само механички!.
 
Ваквата вода не е 100% сигурна за пиење, бидејќи се’ уште може да содржи микроорганизми (бактерии и паразити), па затоа е најдобро пред консумирање, истата да ја превриете.
 
3.Може да се користат за растење на ’ркулци
 
Дали знаевте дека во хигиенските влошки може да растете некои видови на гравчиња и луцерка (алфалафа)? Имено, влошките имаат голема способност за задржување на влага. Добро натопената во вода влошка, ставете ја во стаклена тегла која лежи рамно.
 
Потоа, поросете го семето кое сакате да го одгледате. Теглата поставете ја во близина на прозорец, а по некое време ќе забележите како вашето семе никнува.
 
4.Може да послужат како крпа за чистење
 
Овие мали влошки, исто така, функционираат како неуништлива хартиена крпа. Функционираат одлично како мали еднократни крпи за чистење. Уште подобро, купете влошки кои во себе содржат сода бикарбона.
 
Еве што треба да направите: ако имате валкана микробранова, поминете ја со влажна влошка и вклучете на програм од една минута. Од водената пареа ќе омекнат сите дамки.
 
Потоа, со влошката ќе ја исчистите сета нечистотија. Ако е потребно – повторете ја постапката уште еднаш. Влажната влошка со сода бикарбона можете да ја користите за чистење на микробрановата печка и на нејзината надворешна страна.
 
Хигиенската влошка можете да ја користите за впивање на растопениот мраз во вашиот фрижидер. Исто така, можете да залепите влошка во фрижидерот и да ја оставите преку ноќ – ќе ги впие сите непријатни миризби!
 
5.Можете да ги користите како влошки за чевли кога имате неконтролирано потење
 
Влошките понекогаш можат да ги заменат дезодорансите. Се’ што треба да направите е да ставите по една влошка во секој чевел. Ова е одличен начин за да се ослободите од лошиот мирис, кај лица на кои стапалата обилно им се потат.
 
Исто така, при жешко време, можете да си фиксирате помали парчиња од влошка под пазувите, и на тој начин да ги спречите големите кругови пот кои обично се јавуваат на кошулата што ја носите.
 
Овој трик го користат многу познати личности, како на пример, возачот на формула 1 – Нико Розберг, носи ваква влошка под кацигата за да му ја апсорбира потта.
 
6.Може да послужи како влошка за дојките
 
Овие исклучително корисни хигиенски влошки може да послужат многу ефикасно доколку доите. Понекогаш се случува да надојде неконтролирано млеко во вашите гради, па во тој случај, доколку немате специјализирани влошки за дојки, можат одлично да ви послужат и овие хигиенски влошки.