Живот
24. July 2015 - 10:17

Дали се туширате секој ден? - Откако ќе го прочитате ова ќе размислите

Секој од нас во текот на денот се тушира барем еднаш, барем така е нормално да мислиме. Сепак, според најновите истражувања, научниците тврдат дека не треба да се тушираме секојдневно, особено не во зимските денови.

Според докторка од Сан Диего, во зима кожата е почуствителна, повеќе се суши и е подложна на инфекции и оштетувања. Затоа, докторката тврди дека е важно како и колку се тушираме.

Важно е водата да не биде врела, бидејќи кожта тој период е сува. Не е потребно целото тело да  го премачкаме со сапун, туку важните и критични делови како пазувите,  стапалата, интимните делови. Кожата сама се регенерира, така што самата се чисти.