Македонија
12. March 2017 - 17:00

Дали платформата од Тирана е мешање во внатрешните работи на Македонија?

Гостин во вестите на Сител во 16 часот е Никола Попоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Попоски, Вицепремиер во Владата на Р.Македонија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска гостуваше во вестите на Тв Сител при што говореше за политичката криза во државата дополнително продлабочена со платформата од Тирана, но и економските предизвици кон кои треба да се свртиме.

Според Попоски, ние треба конечно да расчистиме со една перспектива. Дали ќе се свртиме кон иднината и ќе гледаме со што се занимава светот денес и со платформа за која се разговара во светот денес, а тоа е економска платформа и економски напредок. Додека денес се занимаваме со платформи кои не влечат назад во минатиот век и неносат ништо кон оваа платформа за која што се договоривме и која е обединителен фактор во државата.

-Заев носи најголема одговорност со тоа што нетранспарентниот пристап ја подгрева атмосферата и креира една клима на недоверба. Јас мислам дека доколку има некој чекор што би можело да се превземе е да упатиме јасна и недвосмислена порака дека приоритетите не се сменети  и дека во однос на тие приоритети она што го правиме е поврзано со членството во ЕУ. Ништо не сугерира дека со враќањето во ние ќе се приближиме кон членството во ЕУ, заклучува Попоски.

-Во многу елементи потсеќа на еден традиционален балкански пристап, доколку немате капацитет и имате премногу предизвици на домашен терен да се обидете да ја префрлите топката кај соседите или некакво прекугранично  лидерство да покажете. Мислам дека тоа е типично и за господинот Рама во оваа ситуација, изјави Попоски.

„Загриженоста е споделена не само помеѓу балканските земји, туку и пошироко бидејки ова се типични пристапи за 90-те години во кои се подгреваше на некој начин нетрпеливост“, дополни Попоски.