Спорт плус
8. January 2017 - 10:34

Дали ова беше фер нокаут?!

Ова е можеби најбрзиот нокаут во ММА борбите. На Ибрагим Халилов му беа потребни само три секунди за да го нокаутира својот противник Бахитјарем Баротов на турнирот во Кина.Пред почетокот на борбата, традиционално двајцата борци се поздравуваат со ракавиците, а тоа го искористи Халилов.

Само што започна борбата, тој се поздрави со противникот, но во иста секунда зададе директен удар во неговото лице. Баротов падна, а борбата заврши по само три секунди и тоа со победа на Халилов, на кого воопшто не му беше гајле за неспортскиот потег кој го направи. 

https://