Македонија
15. November 2017 - 16:31

Дали ќе има министер за здравство од Алијансата на Албанците или од СДСМ?

Сите опции се во игра за нов министер за здравство. Премиерот Зоран Заев изјави дека не го знае името, ниту од која политичка партија ќе биде. Сеуште траат прговорите меѓу коалиционите партнери, но според Заев најважно е да се избере  човек, а не партија кој ќе раководи со најчувствителниот сектор што ја остава отворена можноста на помалко од 6 месеци по формирањето Владата да ја доживее и првата реконструкција.

Заев очекува во најскоро време да биде назначен нов министер за здравство.

Министерското место во здравство остана празно, откако Арбен Таравари стана градоначалник на Гостивар. Токму коалицијата на неговата партија со опозициската Беса во пресрет на вториот криг на изборите ја зовре атмосферата на Илинденска.