Македонија
8. February 2018 - 16:14

Дали Хрватска и Словенија ќе ја блокираат интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ!?

Словенечко –хрватскиот спор околу пиранскиот залив може да го блокира проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан. Ова го изјави претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер само два дена по објавувањето на надежната стратегија за регионот со која се  ветува европска перспектива за целиот регион.

Брисел стравува дека граничниот проблем мегу Загреб и Љубљана ќе стане лош пример за балканските земји кои имаат аспирации за влез во Унијата , но и  мегусебни неразрешени спорови. Затоа инсистираат проблемите да се решат пред влегување во заедницата, но со новата стратегија за Западен Балкан се предвидува и воспоставување посебни аранжмани со кои ке се спречат новите земји членки да го блокираат пристапувањето на други кандидати од регионот.

Примерот на Македонија и Грција покажа дека принципот на вето може да биде голема кочница во проширувањето на Унијата. Новата бриселска стратегија сега нуди нови правила, но дали тие ке се променуваат само за новите членки останува да се види.