Македонија
30. September 2017 - 16:22

Дали е Јадранка Бибан само уште еден лекар во трка за градоначалничка фотеља?

Јадранка Бибан можеби е уште еден лекар во политиката, но никако не е партиски послушник. Независна, а своја, и вегетраијански расположена, таа е кандидат за градоначланик на Дебрца. Нејзиниот слоган не ми треба твојот глас, ми треба твоето внимание, кажува се. На прашањето дали македонските гласачи се зрели за една таква порака, таа оптимистички одговара, можеби не во моментов, но уверена е дека за 40 години ќе имаме и градоначалници како неа.

Нашата политичка сцена е болна,  констатира докторката. Крајно време е граѓаните  да се освестат и да почнат да размислуваат со своја глава. На политичарите им порачува здраво да се хранат, а месото задолжително да го исфрлат од менито.

Бибан вели дека политичар се раѓа и се создава, а таа останува лекар.