Спорт плус
13. January 2016 - 9:33

Дакар 2016: Саинц нов лидер

Смена на врвот на релите Дакар откако Карлос Саинц победи на 9. скратена етапа околу Белен  во должина од 285 километри.
Шпанецот постигна време од 2:35:31 часа, што беше за десет секунди побрзо од Холанѓанецот, Ерик ван Лон и 17 од Мико Хирвонен од Финска. Со денешната победа, возачот на Пежо го презеде и врвот во генералниот пласман на релито во конкуренција на автомобилисти со време ос 28:39:24 часа. Зад него останаа Стефан Петерхансел со заостанување од над седум и ланскиот победни Насер Ал Атијах од Мини со 35 минути.
 
Досегашниот лидер Себастијан Леб, кој беше на чело во првата половина од релито, денеска заостана повеќе од еден час и сега е на 22. позиција во генералниот пласман со 1:13:47 часа зад Саинц.