Свет
29. January 2017 - 13:42

Дагестан: Во специјална операција убиени се тројца војници

Тројца екстремисти се убиени денеска во операција на специјалната полиција во Дагестан, потврди рускиот Национален комитет за борба против тероризам, јави ТАСС. 

- Безбедносните сили добија информација дека во една приватна куќа се крие група на вооружени лица кои се ангажирани во терористички активности, наведе Комитетот. 

Руската федерална служба за безбедност интервенирала во куќата, при што екстремистите отвориле оган, а потоа биле убиени