Балкан
4. December 2016 - 14:37

„Дадо моја разбуди се“, ја довикуваше братот трагично загинатата Маријана (15)

„Душо моја мала, врати и се на баба! Зошто си отиде така рано, зошто го направи тоа, дете мое!?“, кукаше на сиот глас на ковчегот на својата внука, бабата по мајка на малечката Маријана Г. (15) од селото Злот кај Бор, која во четвртокот се обеси во дворот на својата куќа.

Несреќното девојче е погребано вчера на селските гробишта, а од неа покрај семејството и роднините се простија и голем број мештани од селото, како и другарите и наставниците од средното техничко училиште во Бор, каде таа одела.

Погребната поворка од неколку стотици луѓе тргнаа од семејната куќа, а зад ковчегот одеше мајката на Маријана (31), братот (11), таткото (41), дедото (62), бабата по мајка, маќеата и останатите.

Foto: Kurir

- Дафо моја, разбуди се, даде! низ солзи 11-годишното дете ја довикуваше својата сестра.

Тажната долга поворка, бавно се движеше низ центарот на ова влашко село кон гробиштата. Од ковчегот не се одвојуваа нејзиниот брат, мајка и баба.

-Нив како да ги следи некое проклетство. Во семејството секогаш жените први им умираа, иако ниту една не си кренала рака на себе, вели жителка на Злот.

Неутешна е мајката на Маријана, која пред 3 години, по разводот од сопругот се отселила во Белград и вели дека не знае зошто и се самоубила ќерката.

Foto: Kurir

-Се слушнавме во саботата, а таа ме праша кога ќе дојдам. Не стигнав да ја видам и ете што се случи. Неа нешто ја мачеше. Вистината се надевам ќе исплива на виделина. Беше добар ученик и многу фино девојче. Не ми рекоа што нашле во нејзиниот мобилен и со кого се слушнала последниот пат пред да се самоубие. Нејзината добра другарка не знае зошто го направила тоа, вели мајката на Маријана по погребот.

-Ја облековмне во нејзината карирана кошула, која сакаше да ја носи и панталоните. Дел од моете срце се откорна со неа засекогаш и никогаш нема да се врати. Не знам како ќе живеам без мојата Маријана, рече мајката на девојчето.

Според зборовите на мештаните, девојчето живеело во складно семејство.

-Беше прекрасно дете, културно и убаво воспитано, како и сите деца од тоа семејство. Се дружеше со мојата ќерка и колку што знам, немаше момче, вели соседката.