Живот
24. October 2016 - 20:13

Дадилка од пеколот: Изгледа наивно, а му ја отсече главата на бебето што го чуваше

Узбекистанската дадилка која беше уапсена во февруари во руската престолнина Москва додека во рацете носеше отсечена детска глава, го призна убиството на почетокот од процесот на московски суд.

-Ја признавам вината, му ја отсеков главата, изјавила 39-годишната Ѓулчехра Бобокулова.

Првото сослушување беше затворено за јавноста. Дадилката, по потекло од Узбекистан, е обвинета за убиство со ладно оружје на четиригодишно девојченце заболено од церебрална парализа коешто го чувала, а на коешто потоа му ја отсекла главата.

Бобокулова, којашто и претходно имала испади, исто така, е обвинета дека го запалила станот во кој живеела жртвата пред со отсечената глава да излезе на улица.

dadilka1

Во моментот на апсењето на метро станица во московската подземан железница, Бобокулова се прогласила за камиказе. -Ја мразам демократијата. Јас сум терористка. Ја сакам вашата смрт – викала.

Во текот на првото излегување пред судот во март, оваа разведена мајка на три деца, одговарала на прашањето на новинарите за убиството „коешто ѝ го наредил Алах“.

Руската истражна комисија по неколку прегледи во рамките на истрагата заклучи дека Бобокулова боледува од шизофренија и деменција. Ѝ се заканува 25-годишна казна затвор којашто ќе ја издржува во строго чувана психијатриска болница.