Балкан
12. October 2017 - 23:25

Дачиќ: Статусот на Рускиот хуманитарен центар не е решен поради притисоци


Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ смета дека статусот на Рускиот хуманитарен центар во Ниш се уште не е решен поради тоа што се вршат големи притисоци. 

- Не е решен, бидејќи се вршат големи притисоци, поради тоа што тоа прашање се политизира и ние не сакаме да стане предмет на  политички спорови, изјави Дачиќ на маргините на Безбедносниот форум во Белград.

Тој истакна дека треба да се реши на начин како што е вообичаено, во согласност со Виенската конвенција.

- Се надевам дека тоа брзо ќе се случи, рече Дачиќ.

Руско-српскиот хуманитарен центар е основан на 25 април 2012 година врз основа на договорот помеѓу руската и српската влада за соработка во областа на итни хуманитарни акции, предупредување за природни непогоди и технички несреќи, како и за отстранување на нивните последици