Дачиќ: Статусот на Рускиот хуманитарен центар не е решен поради притисоци
Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ смета дека статусот на Рускиот хуманитарен центар во Ниш се уште не е решен поради тоа што се вршат големи притисоци.
- Не е решен, бидејќи се вршат големи притисоци, поради тоа што тоа прашање се политизира и ние не сакаме да стане предмет на политички спорови, изјави Дачиќ на маргините на Безбедносниот форум во Белград.
Тој истакна дека треба да се реши на начин како што е вообичаено, во согласност со Виенската конвенција.
- Се надевам дека тоа брзо ќе се случи, рече Дачиќ.
Руско-српскиот хуманитарен центар е основан на 25 април 2012 година врз основа на договорот помеѓу руската и српската влада за соработка во областа на итни хуманитарни акции, предупредување за природни непогоди и технички несреќи, како и за отстранување на нивните последици
Ново на Сител
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024