Дачиќ: Проширувањето на ЕУ е пресуднo за создавање на поотпорни региони
Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска оцени дека постои тесна врска меѓу проширувањето на Европската унија и зачувувањето на безбедноста, заклучувајќи дека политиката за проширување е пресудна за создавање на „поотпорни региони“.
Тој истакна дека без регионот од Западен Балкан, ЕУ не може да го гарантира мирот и стабилноста на континетот, поради што тој дел на Европа мора да биде дел од европскиот процес.
- Доколку некој мисли дека сите проблеми на Балканот се решени, тој е во длабока заблуда, нагласи шефот на српската дипломатија, додајваќи дека кога „големите се борат, настрадува тревата“.
Дачиќ потенцираше, дека Србија мора да ги заштити своите државни и национални интереси, што не значи дека нема право на правда, како и сите народи од поранешна Југославија.
Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи констатираше дека Унијата денес се соочува со криза на идентитетот.
Тој наведе дека ЕУ треба да „има на ум“ дека е создадена како мировен проект и проект на интеграција.
- Верувам дека ЕУ може да продолжи да биде успешен пример за другите бидејќи со особено внимание ги следиме сите иницијативи што се покренуваат во рамките на реформскиот процес на Унијата, објасни Дачиќ.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање