Македонија
25. July 2017 - 22:10

Дачиќ лут на Македонија: Српската држава не одлучува за одбележувањето на Илинден

Српскиот министер во нов напад кон Македонија. Ивица Дачиќ потврди дека е лут на Македонија, но државата не одлучувала за прослвата на 2ри август. Шефот на дипломатија се исклучува од одлуката на српската правослана црква кој треба да одлучи дали на властите од Македонија ќе им дозволи да го прославата државниот празник во манастирот Св. Прохор Пчински.

- Тоа е манастир, државата не одлчучува затоа. Ние секоја година добиваме барање кое го праќаме кај црквата. Црквата си комуницира со нив, а вие знете каков е односот во тој дел. Ние сакаме да градиме добрососедкси односи со Македонија и вложивме се за тоа. Македонија секогаш гласа против наш интерес. Лути сме, вели Ивица Дачиќ.

Српските медиуми вчера објавија дека патријархот Иринеј и СПЦ го одбиле бартањето на македонската Влада. По долги години, Заев годинава одлучи повцторно да побара дозвола од властите во Србија за прослава во Прохор Пчински, но очигледно0 такво нешто нема да се случи.

Денешната изјава на Дачиќ пак, доаѓа по средбата со шефицата на бугарската дипломатија, која е во посета на Белград. Токму на таа средба Захариева му ветила н а Дачиќ дека проблемите помеѓу Белград и Софија нема да дозволат да ги решаваат во Брисел.