Дачиќ: Дијалогот продолжува кога ќе добиеме конкретни информации од Приштина за атентатот врз Ивановиќ
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, изјави дека дијалогот меѓу Приштина и Белград ќе продоли тогаш кога српската страна ќе добие конкретни информации околу расветлувањето на убиството на Оливер Ивановиќ, лидер на партијата Србија, демократија, правда.
- Убиството на лидерот на СДП Оливер Ивановиќ, претставува закана за стабилноста во регионот и за продолжување на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград, оценил Дачиќ. Тој додал дека очекуваат од официјална Приштина и од меѓународните претставници присутни на Косово што побрзо расветлување на злосторството извршено во северна Митровица.
- Нашата страна е посветена на дијалог, но ние нема да продолжиме со овие разговори без да добиеме конкретни информации за криминалното дело што се случи, додаде Дачиќ.
Дачиќ, исто така, говореше за зачленувањето на Србија во Европската унија, нагласувајќи дека тоа би можело да се случи во 2025 година и тоа е добро за српската држава.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство