Дачиќ: Албанците треба добро да ги одмерат своите зборови
Албанските политичари станаа закана за мирот и стабилноста на Балканот и Европа, оцени српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, коментирајќи ги изјавите за можно обединување на Албанија и Косово.
- Албанците би требало добро да ги одмерат своите зборови, бидејќи на меѓународната сцена веќе ги нема нивните заштитници, кои ја бомбардираа Србија, за да и го одземат Косово. Тоа нема да се повтори никогаш повеќе, рече Дачиќ.
Според Дачиќ, како што јави Танјуг, „координиратите изјави“ на албанскиот премиер Еди Рама, косовскиот претседател Хашим Тачи и претстедателот на Националниот совет на албанското малцинство во Србија, Јонуз Муслиу, покажуаат дека „Голема Албанија е цел на сите Албанци“. - Муслиу кон неа го придодаде и Ниш, а утре ќе ги додаде и Скопје и Улцињ и Епир, нагласи Дачиќ.
Тој истакна дека Србија не провоцира никого, но исто така и не стравува од никого.
Дачиќ праша дали ЕУ, САД и Велика Британија ќе реагираат на ваквата ситуација. - Доколку не го сторат тоа сега, кога Голема Албанија ќе стигне до Ниш ќе бидат директно одговорни за последиците, предупреди тој.
- Она за што зборуваат албанските политичари за среќа е само мечта. Но, искуството не учи колку е кус патот од мечтата до кошмарот, додаде српскиот министер за надворешни работи.
Муслиу, кој е и градоначалник на општина Бујановац, вчера изјави дека официјална Тирана „ја има неговата целосна поддршка за обединување на Албанија и Косово, доколку не бидат примени во ЕУ, но не и без Прешево“.
Тој смета дека „без Ниш нема да има Голема Албанија“ и додаде дека Хашим Тачи и Еди Рама имаат морална должност во тоа „обединување“ да го вклучат и реонот на Прешево, Медвеѓа и Бујановац, кој го нарече „источно Косово“, бидејќи во спротивно ќе извршат „национално предавство“.
- Без Ниш тоа нема да биде Голема Албанија и Србија треба дури да ни биде благодарна дека Албанците сакаат обединување само на Албанија, Косово и Прешевската Долина, додаде градоначалникот на Бујановац.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово