Џет-Сет
2. October 2017 - 17:03

Да ти пукне срце: Пораката на Дона Арес пред смртта ги расплака сите

Иако два пати јуначки се бореше со ракот, давајќи сили на оние луѓе кои ја делат истата судбина како и неа, Дона Арес во себе преживуваше вистинска животна драма. 
 
Откако по трет пат и се врати ракот, Дона храбро порачуваше  дека ќе го издржи и тоа, и дека никогаш нема да се предаде. Дури и покрај фактот дека непосредно пред смртта се раздели од својот сопруг Џавид Љубовиќ.
 
Дона сите ги изненадила кога на 24. август објави нивна заедничка фотографија која ја прецрта со црвен „икс“  со следнава порака: 
 
- Готово е и не ми е жал. Каде нема доверба нема ништо!!! Никогаш! Збогум, засекогаш, напишала Дона
 
- Јас не треба тука на никого ништо да објаснувам и  не ме интересира твое мислење... Можеш слободно да одиш и никогаш да не се вратиш  на мојот профил, однеси ги со себе и тие кои се сложуваат, ова е еден од коментарите на Дона која го напишала на оние кои се чуделе поради објавата.