Тенис
13. March 2018 - 11:21

Да се знае кој е постар, триумф на Венус Вилијамс

Спорт

Индијан Велс: Венус ја надигра Серена

Дуелот на сестрите Вилијамс привлече најмногу внимание на мастерсот во Индијан Велс. Третото коло го мина постарата сестра Венус која ја победи Серена 6:3, 6:4 по 87 минути игра.
Венус одигра солидно во првиот сет, максимално го користеше лошото движењ…

Објавено пред

1 час

 
 

На мастерсот во Индијан Велс најголемо внимание во 3. рунда предизвика пресметката  на сестрите Вилијамс а победи постарата сестра Венус, која ја изненади  Серена со 6:3, 6:4 по 87 минути игра.

Венус одигра солидно во првиот сет, максимално го користеше лошото движење на Серена. Единствениот брејк во првиот сет Венус го направи во шестиот гем.

Вториот сет започна со подобра игра на Венус, која со два брејка стигна до водство 3:0, потоа Серена се доближи на 3:2. Следуваше период во кој двете освојуваа по два гема, при резултат 5:4 Венус сервира за победа, успеа да спаси една брејк-топка и потоа го заврши мечот.