Македонија
6. October 2017 - 16:14

Да покаже што лицата со даунов синдром можат, а не што не можат- ова е идејата на танцовата група Ларондина од Лондон

Да покаже што лицата со Даунов синдром можат а не што не можат- ова е идејата на танцовата група Ларондина од Лондон која денеска и утре настапува во Битола и Скопје. Професионалните танчери имаат даунов синдром но тоа не ги спречува да добијат свестка слава настапувајќи низ речиси цела европа и добивајќи признанија на бројни натпревари во танц.

Сузи има 32 години и е професионална танчерка- во Ларондина, балетската група од Лондон таа си го остварила сонот- со танцување да ја освојува публиката во речиси цела Европа.

Да се види што лицата со Даунов синдром можат а не што не можат, ова била идејата на Анџелина, кога пред повеќе од 20 години ја формирала групата Ларондина..

Ларондина, не само што ги сменила животите на нејзините танчери, туку ја менува и општествената свест- лицата со посебни потреби не треба да бидат исклучени.. Со ваква порака тие се дојдени во Македонија.

Слични иницијативи веќе почнуваат и во Макеоднија. Танчери со даунов синдром веќе се подготвуваат за светски натпревари.

Ларондина веќе ги освои срцата во Британија но и во голем дел од Европа и САД. Вечерва во Битола а утревечер во Скопје, танчерите ќе ја испратат својата моќна порака до лицата со посебни потреби- верувајте во себе...