Македонија
1. April 2017 - 16:34

Да не се шегуваме - маските паднаа, порачуваат од иницијативата „За заедничка Македонија“

Оние кои што ја создадоа Тиранската платформа сега глумат дека таа воопшто не постои. Со тоа само го зголемуваат револтот кај македонските граѓани кои веќе 34 дена ни даваат поддршка, велат од “Иницијативата за Заедничка Македонија”.

Уште еднаш беше побарано од сите политички чинители да се откажат од платформа потпишана во соседна држава, која не и носи добро на Македонија.

Од иницијативата велат дека денес уживаат во природата, како што уживаат и на улиците кога треба да се брани унитарноста на нашата земја.