Македонија
23. July 2017 - 14:29

Да не се оди ноќе на Водно за да се спречат пожари, апелира ЈП „Паркови и зеленило“

ЈП „Паркови и зеленило“ од Скопје апелира граѓаните да не ја посетуваат Парк шумата Водно во вечерните и ноќните часови.

Причината за апелот, како што наведуваат од  ЈП „Паркови и зеленило“ е „се поголемиот број на пожари кои избувнуваат последниве денови“.