„Да не ми умреше детето, Брена немаше да стане ѕвезда“
„Моето дете умре, а се роди ѕвезда – Лепа Брена“, вели Спаса Мечанин, првата пејачка на „Слатки грех“. По 36 години таа решила да ја открие вистинската причина зошто се повлекла од светот на музиката.
„Мојот покоен сопруг Малиша Николиќ не ме грабна од сцената, туку ме одведе дома и се венчавме во Смедерево на 13 јануари 1980 година. Во јануари се зедовме, а во април го загубив бебето. Докторите ми рекоа дека никогаш повеќе нема да можам да забременам, но после го родив Милош. За жал, без маж останав рано. Малиша загина во сообраќајна незгодна 1983 година“, раскажала Спаса.
Заради нејзиното ведро расположение пејачката често ја нарекувале „Спаса лујка“.
„На Брена ѝ беше судено да биде ѕвезда. Мене ми се случи зло на сцената. Моето дете умре, а се роди ѕвезда. Еден месец лежев во болница, имав сепса во почетен стадиум, со месеци не можев да се опоравам. Тогаш оставив сè. Тоа е моја голема рана, нешто што никогаш нема да преболам“, додала Спаса во интервјуто. Таа никогаш веќе не продолжила да пее.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот