Македонија
24. September 2017 - 12:02

Цветковски: СДС ја поништува правната држава

- МВР под раководната палка на СДС втор ден молчи за полициската местенка и малтретирање од страна на партиската полиција на Заев и Спасовски врз Митко Јанчев, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци.

СДС свесни за неминовниот изборен пораз кој ги очекува на наредните локални избори на 15-ти октомври прибегнуваат кон злоупотреба на институциите во полза на партијата.

Со наближувањето на изборите стравот во СДС кулминира. Хистеријата во партијата на власт е се поголема, свесни за големата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ кај граѓаните ја користат полицијата со цел сеење на страв и паника. Во петокот вечерта пред партиската конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, полицијата на влезот на Скопје без основа го запрела возилото на Митко Јанчев, кандидат за градоначалник за Кавадарци, врз истиот вперила пиштоли и неосновано го задржала подолго.

 Целата местенка била приредувана пред очите на минувачите, кои гледале како поголем број на полициски службеници малтретираат еден човек кој не пружа отпор.

ВМРО-ДПМНЕ повикува МВР во најбрз можен рок да го расветли случајот и да утврди индивидуална одговорност, во спротивност ќе се потврди дека во ваквата местенка е заплеткан целиот врв на власта.

ВМРО-ДПМНЕ ги предупредува сите извршители на функции поставени од власта на СДС, мотивирани или охрабрени од врхушката на власт да прават незаконски дејствија и да ги кршат законите за удоволување на партиските барања, дека одговорност за секое криминално дејствие ќе има.

Никој во Република Македонија не е над законот. Законите важат подеднакво за сите. Со враќањето на демократијата и правната држава сите прекршители на законите ќе одговараат, и во тоа да не се сомнева никој.

 

Марио Цветковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ