Џет-Сет
25. February 2016 - 12:06

Цуца успеа да стави крај на бракот - Гордана го избркала Шабан од куќата!

Сопругата на пејачот се обиде да ја заборави аферата со Цуца, но после три години откако се раширија гласините за прељуба се реши да го остави.
 
Фолк пејачот, Шабан Шаулиќ веќе неколку месеци не живее во својот дом во Белград, туку во викендицата в Крчедин, бидејќи неговата сопруга го избркала! Причината за падот на бракот е аферата на шабан со Цуца, која прво Гордана сакаше да му ја орости, но откако приказната не се повлече 3 години од јавноста таа одлучи да стави крај на 40. години брак.
Според информациите на „Stars“, било само прашање на време кога сопругата Гордана ќе крене раце од се, бидејќи Ивона Неговановиќ - Цуца и понатаму е присутна во неговиот живот, но и во медиумите.
 
- Се сеќавам каков беше Шабан во претходните сезони. Секогаш расположен, насмеан, се шегуваше со сите. Сега само молчи, пали цигара по цигара, пие, тажен е. Го прашавме што му е, а потоа слушнавме гласини дека го оставила жена му, изјавил изворот на „Stars“.