Кошарка
14. January 2016 - 20:34

ЦСКА ја преслуша Барселона

 
Екипата на ЦСКА Москва ја совлада Барселона со 93:82 во воведниот натпревар од 3.коло на ТОП 16 фазата во кошаркарската Евролига.
 
На средбата одиграна попладнево во Москва домашната екипа до победата ја предводеа Кори Хигинс со 20, а Милош Теодосиќ и Андреј Воронцевиќ постигнаа по 16 поени. 
 
Ова е единствениот меч од Ф групата, кој ќе се игра денеска, а во преостанатите три кои на програмата се утре ќе се сретнат: Химки – Лаборал, Реал Мадрид - Жалгирис и Олимпијакос – Бамберг. 
 
Затоа пак во Е групата вечерва се играат три средби и тоа: Фенербахче - Локомотив Кубан, Панатинаикос - Црвена Звезда и Уникаха – Цедевита. Турското дерби од оваа група меѓу Анадолу Ефес и Дарушафака на програмата е во петок.