Македонија
27. April 2017 - 16:28

Црвениот крст и пожарникарите денеска демонстрираа брза акција за спасување

Пожар во скопско основно училиште. Повредени се пет лица. Заглавените беа евакуирани со помош на балон и жичница.

Ова е дел од сценариото на денешната вежба на Цевениот крст, во соработка противпожарната бригада, Брзата Помош и полицијата.

-Пред самата вежба следеше подготовка на самите ученици  и наставниците за да ги добиеме денешниот финален производ, изјави Анѓент Чидафи од Црвен крст на град Скопје.

-Децата беа прифатливи и родителите и денеска успешно ја завршивме ова вежба, изјави Фадил Муртезани, директор на ОУ 25 мај во Сингелиќ.

Вакви вежби за справување со елементарни непогоди ќе бидат спроведени и во други училишта.

За среќа ова беше само симулациска вежба, учениците цело време набљудува од безбедно. Истата постапка е и во случај на земјотрес. Токму Скопје пред неполна година го погодија серија земјотреси, а најсилниот беше на почетокот на септември со интензитет од 5.2 степени според Рихтер.