Џет-Сет
21. February 2018 - 21:47

Црвената тоалета ги истакна атрибутите кои таа ги крие со години: Јелена Томашевиќ е српската Џенифер Лопез

Во завршниот дел на „Беовизија“ настапија  и старите победници кои ја претставуваа Србија на Евровизија.

Меѓу нив, секако настапи и Јелена Томашевиќ.

Со извонредните гласовни способности, не изненади никој бидејќи за нејзиниот талент сите добро знаат.

Она за што сите зборуваат е изгледот на Јелена. Во црвена тоалета, целосно припиена на нејзиното тело, Јелена конечно ги покажа своите атрибути кои до сега вешто ги криеше.

Медиумите од регионот ја нарекуваат српската Џенифер Лопез, а таа на вистински начин фо покажа скриениот сексапил со кој ги остави сите без здив.

Јелена ја претставуваше Србија на Евровизија во 2008-мата година со  песната „Оро“ каде го освои 6-тото место.