Кошарка
30. December 2016 - 9:14

Црвена Звезда ја совлада ЦСКА, а Олимпијакос подобар од Фенербахче

 
 Кошаркарите на Црвена Звезда направига големо изненадување со победата над ЦСКА Москва, додека Олимпијакос славеше триумф над Фенербахче. 
 
Ова се двата најинтересни исходи од синоќешните средби одиграни во ракмите на 15.коло на кошаркарската Евролига. 
 
На средбата во Белград, екипата екипата на Црвена Звазда го совлада актуелниот шампион ЦСКА со 78-67, со што на московската екипа и го нанесе само третиот пораз сезонава. 
 
И вицепрвакот Фенербахче загуби, и тоа на гостувањето во Атина кај Олимпијакос со 71-62. 
 
Победи на домашен терен оствари и Басконија која со 101-88 го совлада Макаби Тел Авив101-88, додека на преостанатите два натпревари каде се радуваа гостинските кошаркари беа спортигнати овие резултати, Анадолу Ефес - Реал Мадрид 78-80 и Армани Милано - Жалгирис 70-78.
 
Останатите три дуели од 15.коло ќе се играат денеска, а двојките се: Уникс Казан – Панатинаикос, Галатасарај – Бамберг и Барселона – Дарушафака.