Кошарка
20. March 2017 - 9:05

Црвена звезда ја дели една победа од АБА финалето

 
 
Црвена звезда ја совлада Будуќност со 82:67 синоќа во Белград во првиод натпревар од полуфиналната пресметка во регионалната кошаркарска АБА лигата која се игра до две победи.
 
„Црвено-белите“ уште од стартот го преземаа водството и ја имаа контролота на резултатот во сите 40 минути и не му дадоа на противникот посериозно да ја загрози нивната победа.
 
Домаќинот ја доби првата битка и во другата полуфинална пресметка. Во Загреб Цедевита го победи Партизан со 83:76 и е на еден чекор до финалето.
 
Реваншот Партизан – Цедевита во Белград е закажан за 25 март, а во Подгорица Будуќност и Црвена звезда ќе играат на 28 март.
 
Доколку има потреба од „мајсторки“ тие ќе се одиграат на 1 односно 4 април.