Свет
3. May 2017 - 16:27

Црвен крст: Хуманитарната помош пристигна во опколниот сириски град Дума, првпат по шест месеци

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) денеска соопшти дека во опколениот сириски град Дума пристигнала хуманитарна помош, и тоа првпат по шест месеци, пренесоа американските медиуми.

- Колона возила на ОН со храна, облека и медицински материјали, во текот на ноќта пристигнаа во Дума, соопшти портпаролката на бирото на МКЦК во Дамаск.

Камионите (51) со хуманитарна помош стигнале до градот под контрола на бунтовниците, а опколен од владините сили, во непосредна брлизина на престолнината Дамаск, каде живеат околу 35.000 лица.

Опсадите на градовите се дел од стратегијата на сириската армија во граѓанската војна во земјата, што трае повеќе од шест години. Досега беа склучени многу спогодби со опколените бунтовници, кои се предаваа како дел од договорот, забележаа американските медиуми.