Ракомет
17. January 2018 - 11:39

Црногорски навивачи нападнати во Загреб

Навивачката група Црногорци-југ објави дека физички се нападнати со ножеви и палки за време на враќањето од ракометниот дуел Црна-Гора Македонија што се одигра во Загреб.
За среќа како што соопштија нема потешко повредени но одземен е барјакот на навивачката група и ранец со лични предмети и пари.
Нападот се случил во присуство на повеќе навивачи меѓу кои и фанови од Македонија и Германија.
Според нив нападот го извршиле 30-40 маскирани лица.