Балкан
9. August 2017 - 18:17

Црногорски доктор на дете препишал необична терапија

Наодот на еден доктор од црногорскиот град Бар и препишаната терапија на пациент предизвика внимание во јавноста откако фотографијата со дијагноза се појави на социјалните мрежи.

Докторот специјалист на четиригодишно девојче, кое поради повреда на рака се обратило за помош и препишал сладолед и конторла по потреба. Во извештајот се наведува дека на девојчето и бил повредено палецот од десната рака.

Откако фотографијата беше објавена на една од страниците на Фејсбук, предизвика вистинска расправа. И додека многумина ја искористија можноста да ја критикуват стручноста на докторот, имапе голем број на оние кои се согласија со начинот на кој докторот се поставил кон пацентот и пристапот на кој се досетил за да го расположи детето.