Здравје
21. April 2017 - 9:52

Црна лимонада: Се прави од три едноставни состојки и прави чудо за линијата

Иако изгледот на овој напиток не е привлечен, сепак неговиот вкус е идентичен со оној кој сме го навикнале да го пиеме - лимонадата.

Главната чудотворна состојка е активниот јаглен кој нема вкус и е неверојатно здрав зошто има способност да го ослободи телото од несаканите и штетни материи и може да ја смали надуеноста.

Исто така, активниот јаглен може да го намали нивото на холестерол во организмот и да ја подмлади вашата кожа.

Најдобро е да се користи активен јаглен во прав, но ако имате помалку трпение можете да го издробите активниот јаглен кој може да се купи во таблети.

Еве како се прави овој лековит напиток:

Потребни состојки:

-4 чаши филтрирана вода (или квалитетна флаширана)

-четвртина шоља свежо исцеден сок од лимон

-четвртина лажиче активен јаглен (една капсула)

Помешатје ги сите состојки и по желба додадете уште лимон. Напитокот сервирајте го ладен.