Македонија
6. јуни 2017 - 13:18

Црна Гора се надева дека и Македонија наскоро ќе биде примена во НАТО

Црногорскиот премиер Душко Маровиќ изрази надеж дека по неговата земја, и Македонија наскоро ќе може да се зачлени во НАТО. Маровиќ зборуваше за натамошното проширување на Алијансата за време на церемонијата во Вашингтон за официјален прием на Црна Гора во НАТО, пренесе Македонската Телевизија.

- Јас би сакал и Босна и Херцеговина и Македонија да го забрзаат својот процес. Знаете дека Македонија беше отидена многу далеку, но од различни причини заостана на тој пат. Верувам дека сега се создаваат околности и внатрешна атмосфера во Македонија да се тргне со забрзана интеграција не само кога е во прашање НАТО, туку и во Европската унија. Црна Гора е тука да ја зајакне, да биде со Македонија и да ја поддржи и охрабри и се разбира со своето знаење и искуство да придонесе тој процес да се заврши во најкратниот можен рок, изјави Маровиќ.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, исто така, најави дека Македонија и Босна и херцеговина може да бидат примени во НАТО доколку ги спроведат потребните реформи. 

- Ова што го направивме денеска докажува дека вратата на НАТО е отворена за оние држави што се способни за реформи, да го спроведуваат владеењето на правото и да ги модернизираат институциите на одбраната. Работиме со Босна и Херцеговина и со Поранешната Југословенска Република Македонија да ги спроведат неопходните реформи на патот кон членство во НАТО, изјави Столтенберг