Балкан
28. December 2016 - 8:24

Црна Гора распиша потерници за руски и српски државјани

Специјално обвинителство на Црна Гора распиша потерници за двајца руски и тројца српски државјани поради формирање криминална организација и тероризам во обид. Потерниците се во базата на податоци на Интерпол, објави РТЦГ.

Медиумот потсетува дека главниот специјален обвинител Миливоје Катниќ рекол оти организаторите на криминалната група, за која тврди дека планирала терористички напади и предивикување немири на денот на избори во државата на 16 октомври, се националисти од Русија.

Катниќ рече дека не постојат докази дека и државата Русија е вмешана. Според него, организаторот на криминалната група „јасно издал наредба да биде ликвидиран премиерот на Црна Гора“.