ЦО на СДСМ го утврди Заев за мандатар за состав на влада
Централниот одбор на СДСМ на денешната седница, како што соопшти попладнево, едногласно го утврди претседателот на СДСМ за мандатар за состав на новата влада на Република Македонија.
- Чест е, моја и на СДСМ, што по скоро 11 години режим, добиваме можност да ја формираме новата демократска влада на Македонија. Нашите цврсти определби се тоа да биде реформска влада во којашто приоритет број еден се интересите на граѓаните на Македонија. Се определивме за квалитетен живот на сите граѓани, во едно, праведно и правично општество за сите и се што правевме досега во оваа фаза на обезбедување на парламентарното мнозинство, беше водејки се исклучиво од тој интерес на граѓаните, согласно Уставот на Република Македонија, рекол претседателот на СДСМ Зоран Заев пред членовите на Централниот одбор.
Тој додал дека следува период во кој ќе се посветат на поставување квалитетна владина програма.
Заев, со неговото утврдување за мандатар за состав на новата влада, се додава во соопштението, доби поддршка и овластување од Централниот одбор да влезе во преговори за владината програма и за новиот владин состав.
Како што истакнуваат од СДСМ, Заев ги информирал членовите на ЦО на СДСМ, пратениците, претседателите на ОО, градоначалниците од редовите на СДСМ присутни на состанокот, за текот и содржината на разговорите со политичките партии кои имаат добиено мандати во Собранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
-
ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово