Македонија
14. September 2016 - 8:30

City Tree во Скопје и Тетово

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест во соработка со Германската амбасада, Градот Скопје и македонски и странски компании - донатори, обезбеди инсталација на City Tree - иновативниот и патентиран зелен билборд кој го прочистува воздухот во Скопје и Тетово. 

По повод почнувањето на проектот, денеска на конференција за медиуми ќе се обратат амбасадорката на Германија Кристине Д. Алтхаузер, Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест и претставник од Град Скопје.  

Според Еко-свест, главна цел на проектот е да се подигне свеста кај граѓаните, експертите, надлежните институции и бизнисите за потребата да се делува на поле на квалитетот на воздухот, за придобивките од иновативниот проект City Tree и воопшто, за квалитетот на воздухот во Република Македонија.