Loading Video...
Балкан
16. August 2015 - 20:15

Цистерна висеше над амбис, избегната голема трагедија

Возач на камион-цистерна во Бугарија доживеал сообраќајна несреќа. По пукање на гумата изгубил контрола над возилото кое удрило во друг камион, за да потоа ја пробие заштитаната рампа на вијадукт.

Кабината на возачот останала да виси над оградата цели два часа на 128 метри од тлото, а со оглед на тоа дека камионот превезувал гориво од Софија во Ботевград, спасувачите морале да постапуваат со најголема претпазливост.

За среќа, возачот е извлечен од кабината неповреден.

Несреќата се случила вчера попладне, 37 км источно од Софија.

Според првичните извештаи, цистерната превезувала 20 тони гориво.