Свет
24. July 2017 - 11:44

Ципрас за „Гардијан“: најлошото е зад нас

 Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за „Гардијан“ вети дека ќе им се спротивстави на неговите критичари со тоа што ќе ја извади земјата од нејзината најдолготрајна криза во денешно време.

- Најлошото јасно е зад нас, изјави тој.

Ципрас доаде дека сега може со сигурност да се каже дека економијата оди нагоре.

- Полека, бавно, она што никој не веруваше дека може да се случи, ќе се случи. Ние ќе ја извлечеме земјата од кризата ... и на крајот тоа ќе се оценува, рече грчкиот премиер.