Балкан
16. јуни 2017 - 13:34

Ципрас: Вртиме нова страница

Грција наскоро повторно ќе застане на нозе во финансиска смисла, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас, еден ден откако кредиторите се согласија да ја отпуштат следната транша од спасувачката програма за земјата, јави ДПА. 

- Правиме решителен чекор кон излегување на земјата од економската криза, рече Ципрас.

- Сега треба да вложиме напори за да се насочиме кон напредок, додаде тој.

Тој синоќа на Твитер објави; „Вртиме нова страница“. 

Министрите за финансии од еврозоната постигнаа вчера на средбата во Луксембург спогодба за грчкиот долг, што ќе дозволи пуштање на следната транша од третата спасувачка програма за Грција.