Ципрас телефонски разговарал со Лагард
Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа телефонски разговаал со шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, во пресрет на нејзината посета на Германија и средбата со канцеларката Ангела Меркел.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчки владини извори соопштија дека Ципрас и Лагард разговарале за напредокот на Грција во менувањето на фискалната политика што го бара Фондот по завршувањето на тековната програма.
Во исто време, ММФ презеде чекори кон прифаќање на мерките кои ќе бидат фискално неутрални. Тие исто така истакнале дека е на ред Германија да преземе конкретни мерки што се однесуваат на целите за примарниот суфицит по завршетокот на тековната програма и олеснување на долгот.
Во врска со долгот, Лагард изјавила дека ММФ инсистира на тоа дека мерките за грчкиот долг мора да бидат одредени, дури и ако се спроведат подоцна. ММФ ќе учествува во грчката програма само ако се исполни овој услов.
И портпаролот на Фондот Џери Рајс претходно во текот на денот изјави дека ММФ ќе го разгледа прашањето да даде свој финансиски придонес во спасувачката програма за Грција, дури откако ќе има сеопфатна дебата за економските реформи и преструктурирањето на долгот.
- Пред ММФ да може да ги преземе обврските за наше учество во програмата, имаме потреба да спроведеме дебата за мерките и олеснување на долгот, нагласи Рајс, одговарајќи на прашања на редовна прес конференција.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април